Најчесто поставувани прашања


Во делот Најчесто поставувани прашања, опфатени се прашањата кои се најчесто поставувани од страна на студентите до службите на Економскиот факултет-Скопје

 

  1. СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА 
         - ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ
         - ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ

     
  2. БИБЛИОТЕКА
  3. АРХИВА
  4. ПРАКСИ
  5. ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА
  6. СТУДЕНТСКИ МОБИЛНОСТИ

 

 

1.   СТУДЕНСКИ ПРАШАЊА

            1.1.  ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ

            1.1.1.   Која е процедурата да го сменам смерот?

На почетокот на семестарот се поднесува Молба (во Архива) со уредно платена админ.такса

  1.1.2.   Како да напишам и да доставам молба?

Секоја молба треба да биде уредно испечатена, со назив <До Деканатот на Економски факултет< и со уплатена административна такса (во Архива).

  1.1.3.   Како да добијам уверение (потврда) за редовен студент?

Се пополнува образец (кој се подига или на шалтер во службата или на штендер пред службениот влез)кој со уплатен вирман се поднесува на шалтер и веднаш се добива назад со печат и потпис

  1.1.4.   Како се пријавуваат вторите колоквиуми и испитите?

Вторите колоквиуми и испити задолжително се пријавуваат On-line во точно определен временски период (објавен на веб страната на факултетот). Доколу студентот го падне вториот колоквиум, испитот по тој предмет во јануарската сесија НЕ СЕ пријавува, а пријавата важи за испит.

  1.1.5.   Што доколку задоцнам со пријавување испит?

Испитот се пријавува на шалтерите на студентската служба со вирман (утврден надоместок) до моментот на објавување на списоците со студенти за полагање на колоквиум/испит

  1.1.6.   Како да запишам семестар?

Сите информации за термини, обрасци и надоместоци се објавуваат на веб-от пред почетокот на уписот

  1.1.7.   Како да заверам семестар?

Сите информации за термини, обрасци и надоместоци се објавуваат на веб-от пред заверката на семестарот

  1.1.8.   Како да променам изборен предмет?

Со молба во архива и со уплатена административна такса и надомест за извршената промена. Предметот може да се замени само со предмет од тековниот (истиот) семестар.

  1.1.9.   Како да одам на колоквиум/испит?

На вторите колоквиуми и испити со индекс, уредно поплнета пријава и уплатена административна такса.

1.1.10.   Како да добијам уверение за положени предмети?

Се пополнува образец (кој се подига или на шалтер во службата или на штендер пред службениот влез) кој со уплатен вирман се поднесува на шалтер и веднаш се добива назад со печат и потпис.

1.1.11.   Што ми е потребно за да закажам одбрана?

Потврден одговор/ информација од Службата за студентски прашања, за комплетност и исправност на досието и одбраната се закажува во договор со професорот.

1.1.12.   Како да пријавам дипломска?

Со освоени мин. 200 кредити, задолжително во електронското досие студентот пријавува дипломски труд и зема потпис од избраниот професор ментор – во индекс.

 

1.1.13.   Што доколку ми фали пријава во досие?

Службата прави проверки во Извештаите и во соработка со матичниот професор, ја завршуваат постапката, а студентот доставува празни непоплнети пријави

 

1.1.14.   Дали можам да заверам семестар без оцена во индекс?

Не. При упис на семестар потребно е од последниот таков семестар да бидат земени/впишани сите оцени за положените предмети. (пример, за упис на летен семестар потребни се сите оцени од положените испити од летниот семестар од изминатата академска  година)

1.1.15.   Што доколку ми се изгуби индексот?

Се објавува во Службен весник како неважечки, се доставува молба до архива за издавање нов, со уплатена административна такса и вирман на утврден износ/ надомест.

1.1.16.   Што доколку немаш потпис во индекс?

На шалтер се доставува вирман на утврден надоместок за потписот кој недостасува.

1.1.17.   Како да се преместам од стара во нова програма?

Во Архивата се доставува молба со уплатена административна такса и доколку биде одобрена се доставува и вирман на     утврден надоместок за таа цел.

1.1.18.   Како да поднесам дипломски труд?

Од студентската служба се подигаат формулари, кои пополнети заедно со дипломскиот труд во 4 примероци и вирман на утврден надоместок се доставува во Службата. Дипломскиот труд се поднесува во редовна процедура во рок од еден месец по завршувањето на сесијата во која е положен последниот испит.

1.1.19    Како да се испишам од факултетот?

Студентот може да се испише од факултет, со поднесување на Молба во Архивата на факултетот, индекс, уплата на административна такса и вирман со уплатен надомест за издавање на Решение за испишување (Исписница) која содржи преглед на сите положени испити.


 

            1.2.  ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ

1.2.1.    Како да го пролонгирам рокот за магистерска?

Молба (во 4 примероци) со уплатен вирман (утврден надоместок од страна на факултетот/објавен на веб страната и во самиот факултет).

1.2.2.    Како да го пролонгирам рокот за полагање на испит?

Молба (во 4 примероци) со уплатен вирман (утврден надоместок од страна на факултетот/објавен на веб страната и во самиот факултет).

1.2.3.    Како да се префрлам од стара на нова студиска програма?

Молба (во 4 примероци) со уплатен вирман (утврден надоместок од страна на факултетот/објавен на веб страната и во самиот факултет).

1.2.4.    Каде можам да ги најдам сите потребни документи/обрасци кои ми се потребни за постдипломски студии?

Се наоѓаат на веб страната на факултетот (под втор циклус на студии – теркови и молби)

1.2.5.    Како да променам изборен предмет?

Посебна молба за секој предмет (во 4 примероци) со уплатен вирман за секој предмет посебно (утврден надоместок од страна на факултетот/објавен на веб страната и во самиот факултет)

1.2.6.    Како се поднесуваат тези?

Одговорот го има не веб страната / тезите се поднесуваат во 25 примероци + ЦД

1.2.7.    Која е процедурата за да ми издадете уверение?

Подигате готов образец на уверение (го има на факултетот) и истиот го пополнувате. Пополнетото уверение заедно со уплатениот вирман (утврден надоместок од страна на факултет/објавен на веб страната и во самиот факултет) го доставувате до службата за студентски прашања-референт за постдипломски студии за заверка.

1.2.8.   Како ми се доставуваат одлуките (било која одлука  поврзана со ваше претходно барање)?

Факултетот ви ги доставува одлуките на вашата домашна адреса.

1.2.9.   Каде можам да се информирам за распоредот на полагање?

Распоредот го има на веб страната на факултетот.

1.2.10.  Каде можам да се пријавам за упис, семестар или колоквиум/испит?

Моментално можноста за електронско пријавување важи само преку iKnow системот. Останатите пријавувања се реализираат во службата за студентски прашања.

 

 

2.  БИБЛИОТЕКА

             2.1.    Како да се зачленам во библиотеката?

Со самото запишување на факултетот и поседување на студентски индекс  вие сте автоматски член на библиотеката и можете да ги користете ресурсите на истата.

            2.2.      Како да најдам литература за стручен труд?

Прво, на веб страната на факултетот (категорија библиотека) ќе проверите дали таа книга ја има во библиотеката и ќе го запишете бројот на книгата. Со тој број ќе се упатите во библиотеката и врз база на тој број службата од библиотеката ќе ви ја најде книгата.

            2.3.      Каде можам да ја користам литературата од библиотеката?

Целокупната литература од библиотека може да се користи единствено во библиотеката од 08-20 часот секој работен ден.

            2.4.      Дали можам  да копирам во библиотека?

Во библиотека не се копира.

            2.5.     Како се подига книга (за која има можност за користење)?

Оние книги кои може да се подигнат, се позајмуваат со оставање на инекс во библиотеката но рокот за користење на книгата е ограничен и изнесува 15 дена.

 

 

3.   АРХИВА

          3.1.     Од каде да ги подигнам готовите уверенија/документи?

Откако поминала целокупната процедура за одобрување на уверение или изработка на документи (поднесување на барање, разгледување од одговорните служби, одобрување од деканатот) од архивата студентите можат да ги подигнат документите

          3.2.     Дали архивата може да ми одговори на некои прашања.

Не. Архивата е само филтерот преку кој се поднесуваат документите, а за одговор на прашање се надлежни службите

         3.3.     Што се поднесува во архива?

Сите молби, барања итн.. кои ги поднесувате до факултетот се поднесуваат во архивата

         3.4.    Дали архивата може да ми каже дали ќе ми биде одобрено барањето/молбата или да ми ја разгледа содржината на истото?

Не. Архивата не навлегува во содржината на документите. Одговор на секој документот дава меродавен орган на факултетот.

                      3.5.    Како добиваме одговор?

Студентите од прв циклус на студии добиваат одговори во самата архива (т.е. од архивата на факултетот се подигаат документите), а за студентите од втор циклус на студии, одговорите се праќаат преку пошта на домашната адреса.

 

 

4.   ПРАКСИ

                 4.1.    Како да реализирам практична настава?

Види Упатство за реализирање на практична настава.

                 4.2.    Во кои фирми можам да одам на пракса?

Види список на фирми со кои е склучен договор за изведување на практична настава.

                 4.3.      Како да склучам договор за пракса?

Види Упатство за склучување договор за изведување на практична настава.

 

 

5.   ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА

                 5.1      Како можам да станам волонтер во Центарот за кариера?

Види Како можам да станам волонтер - упатство.

                 5.2      Како можам да станам волонтер-тутор?

Види Како можам да станам волонтер-тутор

                       

6.   СТУДЕНТСКИ МОБИЛНОСТИ

                 6.1.    Што ми треба за да аплицирам за стипендија во странство?

Повеќе.