Студентски организации


Студентите на Факултетот се организирани во посебна организација - Студентски парламент, со свои органи и работни тела. Студентите учествуваат во работата на органите на управување на Факултетот, земаат учество во подготовката на наставниот план и на наставните програми и преземаат мерки и активности за поуспешно одвивање на наставно-образовниот процес. За сите предлози, сугестии и прашања, студентите може непосредно да комуницираат со Студентскиот парламент на следнава интернет адреса: http://www.spukm.org.mk

Посебна активност во рамките на студентските организации пројавува AIESEC - Меѓународна организација за размена на студенти по економија и менаџмент. Основната дејност на AIESEC претставува организирање на стручна практика на студентите во странство, организирање на семинари на определени економски теми, грижата за јакнење на колективната свест за меѓународна соработка и солидарност на младите луѓе од различните култури и нации и сл.

Студентскиот парламент издава списание со наслов CASH, организира разни спортски натпревари, културни манифестации и други активности.