Тренинг центар за европска интеграција (ЕИТЦ)


Тренинг-центарот за европска интеграција - ЕИТЦ (European Integration Training Centre – EITC) е организациска единица на Економскиот факултет-Скопје чија задача е да го обедини, да го промовира и да го пренесува севкупното релевантно знаење за европската интеграција, преку институционализирана форма на континуирано образование. ЕИТЦ е основан со ТЕМПУС ЈЕР 17013-2002 „Континуирано образование по европски прашања: основање на Тренинг центар за европски интеграции“ и формално започна со работа на 1.1.2007 година при Економскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Постоечки домашни партнерски институции на ЕИТЦ се:  

  • Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје,
  • Економскиот факултет од Прилеп,
  • Европското движење во Република Македонија,
  • Секретаријатот за европски прашања на Република Македонија и
  • Стопанската комора на Македонија.


ЕИТЦ има и почесни партнерски институции а тоа се:

  • Колеџот на Европа, од Бриж, Белгија и
  • Центарот за Европски студии на Универзитетот во Лимерик, Ирска.

 

Мисија

Создавање на локално јадро на експерти (од редот на јавната администрација, бизнис заедницата, академските кругови, медиумите, приватниот и невладиниот сектор) кои ќе се специјализираат во одделни области од европаката интеграција, неопходни во процесот на приклучувањето на Македонија кон Европската Унија.

 

Визија

Прераснување на ЕИТЦ во Регионален тренинг центар за европска интеграција преку проширување на своите активности и во другите држави, опфатени со процесот за стабилизација и асоцијација.

 

Дејности

  • Организирање и развивање на семинари и специјализации за јавната администрација и за владиниот сектор, за академската јавност, за бизнис заедницата, за невладините организации, за медиумите и за сите други релевантни субјекти кај кои постои потреба и интерес за надградување на знаењето и образованието од областа на европските интеграции;
  • Дизајнирање и развивање на тренинг курсеви (тренинг на тренери) за таргетирани групи кои работат на различни прашања од европската интеграција;
  • Промовирање и развивање дебати за европските интегративни процеси во рамките на граѓанското општество како целина;
  • Организирање конференции, работилници, летни школи и сл. по прашања од европската интеграција.


Контакт

Проф. д-р Билјана Секуловска-Габер
Раководител на ЕИТЦ
Телефон: 02-3286-899
е-пошта: gaber@eccf.ukim.edu.mk