Центар за податоци и информации на Европската Унија (ЕУи)


Мисија

Обезбедува информации и знаење за процесите на европското регионално интегрирање преку собирање на сите достапни информации и документација за и од Европската унија и нивно ставање на увид на сите заинтересирани субјекти на територијата на Македонија.

 

Визија

Јакнење на улогата на «ЕУи» како информативно јадро на Европската унија во Македонија, околу кое ќе се обединат сите слични и сродни центри во земјата, сè до стекнувањето на нејзиното полноправно членство во Европската унија, со што ЕУи ќе стане дел од ЕУ мрежата на европските документациски центри.

За академската јавност и за сите заинтересирани субјекти на територијата на Македонија, ЕУи обезбедува слободен пристап до информациите и документацијата на Европската унија и е целосно поддржан од Мисијата на Европската унија во Македонија.

Вкупниот расположлив фонд на ЕУи е автоматски обработен согласно со меѓународните принципи за каталогизација во единствена ЕУи база на податоци достапна преку веб страницата на Економскиот факултет.

Информативниот центар на Европската унија – ЕУи е отворен за сите заинтересирани корисници секој работен ден од 8 до 16 ч.

 

Контакт

Доц. д-р Даниела Мамучевска
Раководител на ЕУи
Телефон: 02-3286 866
е-пошта: danielam@eccf.ukim.edu.mk