Регионален тренинг центар - Светска царинска организација (РТЦ-СЦО)


Соработката на Економскиот факултет, Универзитет «Св. Кирил и Методиј» од Скопје со Светската царинска организација со седиште во Брисел започна есента 2007 година со потпишување Меморандум за соработка и со давање иницијатива за основање на регионален тренинг центар за континуирана обука на царински службеници и на бизнис заедницата според професионалните стандарди на Светската царинска организација. Соработката и иницијативата беа поддржани и од страна на македонската Влада.

Во април 2008 година, Економскиот факултет од Скопје донесе одлука за основање на Тренинг центар за царински службеници – ЦЕФТА 2006.

На 27.09.2009 година, Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микурија, официјално го отвори Регионалниот тренинг центар – Светска царинска организација на Економскиот факултет, Универзитет «Св. Кирил и Методиј» во Скопје, со што центарот и официјално започна со својата работа.

 

Мисија

Образование на кадар за потребите на царинската служба и на бизнис заедницата за потребите на регионалната интеграција ЦЕФТА-2006 преку воспоставување професионални програми за континуирана обука со целосна примена на професионалните стандарди препорачани од Светската царинска организација.

 

Визија

Прераснување на регионалниот тренинг центар во водечка институција за обука на царински службеници и на бизнис заедницата во Македонија и регионот на ЦЕФТА-2006, за обезбедување фер-правила и олеснување на трговијата во рамките на мултилатералниот трговски систем, целосно заснован на професионалните стандарди на Светската царинска организација.

 

Цели

  • Обезбедување програми за континуирана обука на специјалистички студии за стекнување професионална диплома за царински службеници според стандардите на Светската царинска организација;
  • Унапредување на професијата царински службеник според стандардите на СЦО во Македонија и регионот на ЦЕФТА-2006 преку воспоставување континуирана обука на специјалистички студии за стекнување на професионална диплома за царински службеници;
  • Примена на современи методи и форми за обезбедување континуирана обука за потребите на бизнис-заедницата за пренесување на сите релевантни знаења и информации новините и актуелните состојби на мултилатералниот трговски систем
  • Обезбедување информациона база на податоци на регионалниот тренинг-центар.

 

Контакт

Проф. д-р Ирена Кикеркова
Раководител на РТЦ-СЦО
Телефон: 02-3286-860
е-пошта: irena@eccf.ukim.edu.mk