Центар за кариера


Центарот за кариера (во полн назив: Центар за регрутирање на студенти, промоција на Факултетот и градење на кариера) е основан во април 2010 година, како еден од петте центри кои функционираат во рамките на Факултетот.

 

Мисија

Координирање на активностите што се преземаат во насока на: регрутирање нови студенти, промоција на Факултетот и градење кариера.

 

Визија

Да прерасне во „база” којашто ќе претставува главен посредник меѓу студентите и бизнис - заедницата, а воедно ќе претставува и сврзно ткиво меѓу самите студенти и Факултетот.

 

Цели /Активности                   

Практична настава за студенти (прв и втор циклус на студии)

 

Мобилност на студенти и наставен кадар

Во рамки на програмите за мобилност на Европската комисија, студентите, наставниот кадар и административниот кадар можат да ги искористат можностите за добивање на стипендија за мобилност и тоа во рамки на Еразмус +  и CEEPUS .

Согласно член 99 став 4 од Законот за високото образование, на студиските програми на прв и втор циклус студии на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Економски факултет – Скопје, СЕ ВОВЕДУВААТпрозорци за мобилност“ (mobility windows) односно наставни предмети чии активности може да се изведуваат и на англиски јазик.

Повеќе детали за реализација на мобилност во рамки на горенаведените програми има во Интерни процедури на Факултетот за реализација на мобилност.

 

Кариерен развој и Алумни

Студенти – волонтери

Под мотото „Од студентите за студентите“, Центарот за кариера им овозможува на студентите да бидат дел од работењето на Факултетот, давајќи им можност да волонтираат во реализација на промотивните активности на Факултетот, како што се: настанот „Отворен ден“ , претставување на Факултетот на Саемот за образование и кариера и промоција на Факултетот во средните училишта во градот и низ државата. Во таа насока, Центарот има успешна соработка со АИЕСЕК и Студентскиот парламент - студентски организации коишто функционираат во рамките на Факултетот.

 

Студенти – тутори

По повод 5 декември - Светскиот ден на волонтерството, а воедно и следејќи ги глобалните иницијативи за создавање подобро општество, во кое студентите можат да направат разлика, со тоа што ќе се активираат во рамки на својата високо-образовна институција, во декември 2012 година ЕИТЦ при Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје даде иницијатица за објавување Конкурс за студенти – волонтери, студенти-тутори кој се реализираше преку Центарот за кариера.

Студентот-тутор e регистриран во Центарот за кариера како волонтер, а неговата активност e да им помага на оние студенти кои имаат проблеми со совладување на материјата по одреден предмет, стоејќи им на располагање за консултации и туторство во одреден термин, согласно распоред претходно утврден од страна на Центарот за кариера.

Предуслов за поднесување апликација за студент-тутор е студентите да имаат завршена прва студиска година и да го имаат положено предметот/предметите за кои се пријавуваат да бидат тутори-волонтери.

 

Алумни

►   Повеќе информации

 

Промоција на Факултетот

Отворен ден

Настанот „Отворен ден“ се организира секоја година (во месец април) и тоа во рамки на Денот на високото образование на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Овој промотивен настан организиран под мотото „Од студентите за идните студенти“, во чијашто подготовка и реализација се активно вклучени самите студенти под менторство на асистентите и професорите, има за цел да ги отвори вратите за сите заинтересирани матуранти, идни студенти на Факултетот, кои ја користат оваа можност и да се запознаат одблизу со Економскиот факултет-Скопје.

 

Заеднички проекти со бизнис заедницата

 

Меѓународна соработка

 

 

Контакт

м-р Маријана Секуловска
Раководител на Центарот за кариера
Телефон: 02-3286-835
е-пошта: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk