Капацитети


 

Компјутерски лаборатории

На Факултетот има три компјутерски лаборатории со постојан пристап до Интернет:

  • Лабораторија бр. 1 - 37 персонални компјутери
  • Лабораторија бр. 2 - 25 персонални компјутери
  • Лабораторија бр. 3 - 51 персонален компјутер

Пристапот во првите две компјутерски лаборатории е ограничен од сигурносни причини. Ова значи дека само одредени лица може да влегуваат во лабораториите. Во практика сите студенти имаат слободен пристап во компјутерските лаборатории со знаење и дозвола од наставниот кадар. Тие може да ги користат компјутерите во текот на целиот работен ден.

Третата компјутерската лабораторија е на постојано располагање за студентите од департманот е-бизнис, а пристапот е овозможен со поседување на специјална картичка со нивна фотографија. Оваа лабораторијата е опремена со најсовремената компјутерска технологија и поседува камера, LCD проектор за поедноставно следење на настава

 

Интернет центар

Компјутерскиот студентски интернет центар е опремен со 27 компјутери и 3 принтери, како поддршка на наставно образовниот процес на факултетот за сите редовни и вонредни студенти. Студентите може да ги користат услугите на интернет-центарот во текот на целиот работен ден, од 8 до 20 часот. За правилна искористеност на 

ресурсите на центарот се ангажирани дежурни студенти од Економскиот факултет.


Библиотеки


Работно време на библиотеката

Работно време на читалната

0800 - 1600 часот

0800 - 2000 часот


Контакт

jordana@eccf.ukim.edu.mk

snezanav@eccf.ukim.edu.mk

divna@eccf.ukim.edu.mk

 

 

  Упатство за пребарување на библиотечниот фонд

  Линкови до публикации од домашни и меѓународни организации

  Линк за EconBiz - база од областа на бизнисот и економијата

  Преведени книги - подарок од Владата на Република Македонија

 

Економскиот факултет поседува една од најголемите библиотеки на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, која располага со најбогатата економска литература во Македонија. 

Во библиотеката на Економски факултет, студентите имаат пристап до:

  • над 45 800 домашни и странски книги од областа на економијата и бизнисот,
  • колекција на книги на Нобеловци по економија – единствена колекција во Македонија, која постојано се пополнува,
  • учебници, научни и стручни книги од економската област како дел од Програмата на Владата на Република Македонија за преведување на 1000 стручни книги  и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Европската Унија, 
  • дигитална библиотека  за публикации од меѓународни  институции (WB -Светска банка, OECD, UNCTAD, IMF, ЕUROSTAT и други).
  • економски речници, водичи, енциклопедии и др.,
  • колекција на ЦД РОМ-ови, ДВД-а и видео записи.

Економскиот факултет располага со двокатна модерна читална со 400 читателски места, опремена со 8 компјутери за корисниците и автоматизиран пристап и пребарување на фондот на библиотеката. Читалната располага и со богата колекција на основна и дополнителна литература во вид на учебници и прирачници за додипломските студии (10 примероци од секој наслов, за околу 110 научни дисциплини) кои се наоѓаат на отворен кориснички пристап. Капацитетот на читалната е целосно искористен, со просечно позајмување од 80-100 наслови дневно.

 

  Библиотека на донации

Посебно издвоена поради обемот, современоста и значењето е Библиотеката на донации (Donation Library), која е основана во 1996 година и брои над 6000 наслови добиени како подарок од:

  • Arizona State University, USA,
  • Northen Illinois University, USA
  • Ohio University, USA
  • Prof. Reed Story, FASB - Financial Accounting Standards Board, USA,
  • Проф. Јован Павлевски од Универзитетот Сорбона, Франција
  • Книги набавени од Темпус-проектите на Европската унија.

Во 2009 година во Библиотеката се донирани  77 наслови, во 2010 година 85 наслови на учебници, во 2011 година 23 наслови на учебници и во 2012 година 25 наслови на учебници, научни и стручни книги од економската област како дел од Програмата на Владата на Република Македонија за преведување на 500 стручни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Европската Унија.

 

  Библиотека на Светската банка

Фондот на оваа библиотека го сочинуваат околу 3500 наслови на Светската банка, Меѓународната финансиска корпорација, МИГА и др. Публикациите, во вид на студии, извештаи, прегледи, монографии, годишници и статистички податоци  се ставени на отворен пристап за сите заинтересирани корисници во Македонија.Кон крајот на 1996 година на Економскиот факултет е основана Депозитна библиотека на Светската Банка (World Bank Depository Library). Со добивањето на Сертификатот за активно членство во Библиотечната програма на Светската Банка, таа стана единствен депозитен информативен центар од овој вид во Македонија. Од ноември 2005 година, Депозитната библиотека на Светската Банка се стекна со статус на Public Service Centre, што подразбира поголем број на публикации, пристап до базите на податоци на Светската банка, поголема транспарентност и дисеминација на информациите и документацијата на Светската банка и др.

Исто така, библиотеката има и посебно авторизиран on-line пристап до електронската библиотека на Светската Банка (eLibrary).