Магистерски труд и диплома


Пријава за изработка на магистерски труд се поднесува до Наставно-научниот совет на Економскиот факултет–Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, по предходно дадено мислење на Наставно-научниот колегиум за втор циклус студии, после положувањето на предвидените испити и стекнати 45 кредити.

Студент кој успешно извршил обврските предвидени со студиската програма и освоил 60  кредити со одбраната на магистерскиот труд се стекнува со звањето Магистар по економски науки од соодветната област. Дипломата ја потпишува Деканот на Факултетот и Ректорот на Универзитетот. Покрај дипломата, на студентот му се издава Уверение за положени испити. (види Упатство за пријавување и изработка на магистерски труд )