Практична настава


Студентот на прв циклус на студии, во секоја студиска година задолжително посетува практича настава, како еден од условите за запишување во наредна студиска година.

Студентот на втор циклус на студии може (факултативно) да посетува практична настава.

Студентот може да оствари практична настава само во организации – установи со кои Економскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје има склучено договор за изведување практична настава за студенти (списокот на организациите – установите е истакнат на веб - страната на Факултетот во одделот на Центарот за кариера).

Практичната настава е со времетраење од 30 дена до 3 месеци и од 1 час до 8 часа во денот за времетраење на практичната настава.

Подетални информации за практичната настава се достапни на веб - страницата на Факултетот, во делот ПРАКСИ