ЕКВИВАЛЕНЦИЈА НА ПОЛОЖЕНИ ИСПИТИ СПОРЕД СТАРИТЕ НАСТАВНИ ПЛАНОВИ


Врз основа на Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Правилникот за единствените основи на кредит-системот, преминот од една на друга студиска програма и преминот од една на друга високообразовна установа во состав на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии, Наставно-научниот совет на Економскиот факултет во Скопје, на седницата одржана на 18.6.2010 година ја донесе ОДЛУКАTA ЗА ЕКВИВАЛЕНЦИЈА НА ПОЛОЖЕНИ ИСПИТИ СПОРЕД СТАРИТЕ НАСТАВНИ ПЛАНОВИ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ.       

Положените предмети по наставните планови од 1988/89, 1992/93  и 1998/99  година се сметаат за соодветни и истите се признаваат како да се положени
пo наставниот план од 2008/09 година и се претставени во табелата која можете да се преземе тука.