Испити / континуирано оценување


Проверката на стекнатото знаење на студентот по предметните програми се врши континуирано во текот на наставнообразовниот процес како во зимскиот, така и во летниот семестар. Континуираното оценување (се врши писмено, по пат на тестови или колоквиуми. Резултатите добиени од континуираната проверка на знаењето остварени преку тестови или колоквиуми се основа за формирање на крајната оценка. Колоквиумските недели во кои се спроведува континуирана проверка на знаењата по пат на тестови се утврдени со календарот на активностите. Студентите кои не успеале одредени испити да ги положат по пат на колоквиуми, истото можат да го направат во редовните испитни сесии, при што испитите можат да се изведуваат на писмен или усмен начин, како и на друг начин утврден со студиската програма.

Студентите имаат право на повторување на испитот, во рокови и на начин утврдени со Статут и Правилник на УКИМ.

  • Испитни рокови

Во текот на една учебна година постојат 3 испитни рока и студентот има право да полага во зимскиот испитен рок (јануарска сесија), пролетниот испитен рок (мајско-јунска сесија) и есенскиот испитен рок (августовско-септемвриска испитна сесија). Еден испитен рок трае 3 недели. Глобалниот распоред за одржување на испитната сесија може да подлежи на корекции до моментот на објавување на конечниот/деталниот распоред  на Огласната табла.

  • Пријавување

Студентот може да го пријави испитот по писмен или електронски пат. Доколку испитот е електронски пријавен, студентот е должен на самиот испит да достави и пријавен лист во материјална форма (заедно со платена административна такса).

На полагањето на испити студентите задолжително со себе носат индекс како документ за идентификација. Завршното оценување задолжително се запишува во индексот и во пријавата. Положен испит претставува услов да се стекне потребниот број кредити пропишан со предметната програма.