Списание


Во рамки на својата издавачка дејност, Економскиот факултет – Скопје го издава списанието: 

Journal of Contemporary Economic and Business Issues 

 

Конкурс за избор на главен и одговорен уредник

Повик за трудови  >>>

Journal of Contemporary Economic and Business Issues претставува ново рецензирано списание со отворен пристап од областа на економијата и бизнисот во кое тематски се обработуваат проблемите на економската наука, економската политика, финансиите, квантитативната економија, бизнисот и други релевантни области.
Тоа  е  научно списание  кое  излегува семестрално, а како издавач се јавува Универзитетот   Св. Кирил и Методиј, Економски Факултет – Скопје. Трудовите се објавуваат во електронска и печатена форма.

Во списанието ќе бидат објавувани оригинални научни трудови, прелиминарни комуникации, трудови од конференции, рецензирани статии и професионални трудови. Од посебен научен придонес се трудовите кои ги истражуваат економските и деловните прашања на растечките економии.

Уредувачкиот одбор се состои од еминентни економисти од различни земји.

Сите научни трудови поднесени за објавување треба да бидат напишани на англиски јазик и подлежат на слепа рецензија од најмалку двајца еминентни научници. Предмет на разгледување се само оригинални необјавени трудови кои истовремено не се предмет на разгледување за публикување на друго место.

Поднесените трудови треба да бидат изготвени во согласност со Упатството за авторите.