Прв циклус на студии: Заверка на зимски / упис на летен семестар, 2017/2018


ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ/ УПИС НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2017/2018

(29.01 -13.02.2018, од 10,30-14,00 ч)

 

1. ЗАВЕРКА на ЗИМСКИОТ семестар, 2017/2018

Потребни документи:

  1. Образец за заверка на семестар и уплата од 50,00 ден. административна такса

2.УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

-On-line упис на летен семестар од 25.01-13.02.2018 (до 14:00ч)

За студентите запишани пред учебната 2012/2013 на следната адреса www.ukim.edu.mk/student

За студентите запишани во и после 2012/2013 на www.iknow.ukim.edu.mk

- Потребни документи за упис на летен семестар 2017/2018

  1. Образец за упис на семестар и уплата од 50,00 ден за административна такса

2. Потврда за уплата на втора рата од партиципација (зависно од квотата на која студентот припаѓа и бројот на кредити кои ги запишува) во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

- Назив на примачот: Буџет на РМ - ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

- Банка на примачот: НБРМ

- Сметка: 100000000063095

- Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

- Приходна шифра: 723012

- Програма 41.

3. Потврда за уплата на 1100 денари (втора рата) за: книжен фонд, штети, тетратки, шифрарници за писмен испит, студентски интернет центар. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

- Назив на примачот: Буџет на РМ - ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

- Банка на примачот: НБРМ

- Сметка: 100000000063095

- Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

- Приходна шифра: 723013

- Програма 41

3а. Кандидатите на дисперзираните студии во Велес поднесуваат Потврда за уплата на 500 денари (втора рата) за: штети, тетратки, шифрарници за писмен испит, - на следнава жиро сметка:

- Назив на примачот: Буџет на РМ - ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

- Банка на примачот: НБРМ

- Сметка: 100000000063095

- Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

- Приходна шифра: 723013

- Програма 41

4. Доказ (во индекс) за извршен систематски преглед (само за студентите од прва година)

Заверката на зимскиот семестар НА ШАЛТЕР и упис на запишаниот летен семестар ВО ИНДЕКС (исто така НА ШАЛТЕР) ке се одвива од 29.01 -13.02.2018, од 10,30-14,00ч, согласно следниот распоред:

ПРВА ГОДИНА – 29 и 30.01.2018

ВТОРА ГОДИНА – 31.01, 01 и 02.02.2018

ТРЕТА ГОДИНА – 05-07.02.2018

ЧЕТВРТА ГОДИНА – 08-13.02.2018

 

Непочитување на процедурите и непридржување кон дадениот распоред повлекува надомест за не навремена заверка/упис на семестар

Уписот е не комплетен без поднесување на потребните документи во службата


23.01.2018 прочитано: 16221