Втор циклус на студии: Заверка на зимски/упис на летен семестар 2018


Заверката  на  зимски и упис на летен семестар,  за студентите запишани на втор циклус на студии  31.01.2018 до 14.02.2018 година од 12,00 до 14,00 часот во Службата за втор циклус на студии

1.Студентите запишани во учебните  2014/2015, 2015/2016, 2016/2017 и 2017/2018 година, во IKnow апликацијата - ( освен за запишани  во учебната 2017/2018 год. на студиумот на МБА Менаџмент)  за заверката на зимски и упис на летен семестар,  задолжително треба да го запишат семестарот  он-лине и да ги изберат предметите од летниот семестар.

Најавување: www.iKnow.ukim.edu.mk

  • со е-маил адресата со која Ве препознава IKnow системот и
  • лозинка со која се пријавувавте и до сега во IKnow системот.

Непочитување на процедурите и непридржување кон дадениот распоред повлекува  надомест за не навремена заверка/упис на семестар

Уписот е не комплетен без поднесување на потребните документи во службата

Потребни документи за Заверка на прв, втор, трет и четврти семестар се:

-образец  за заверка на  семестар со уплата од  50,00 денари за таксена марка

Потребни документи за Упис на втор, трет и четврти семестар  се:

-образец за запишување  на втор ,трет или четврти семестар  (на кој ќе ги напишете задолжителните или изборни предмети од втор ,трет или четврти семестар-истите предмети ги запишувате и на наредната страна на индексот) со уплата од  50,00 денари за таксена марка и

-уплата од 500 евра во денарска противредност по среден курс на Народна банка, уплатени на жиро сметка на Економски факултет-Скопје.

-За студентите кои треба да презапишат предмет, надоместокот кој е потребен за презапишување на предмет, а кој треба да се уплати  е еднаков на вредноста на ЕКТС кредитот помножен со бројот на ЕКТС кредити кои ги носи соодветниот предмет кој се презапишува. Вредноста на еден ЕКТС кредит изнесува 22,72 евра - за едногодишни студии и  19,23 евра-за двегодишни студии,     во денарска противредност според курс на НБРМ на денот на уплатата.

Уплатата се врши на Образец ПП  50

Во делот за ПРИМАЧ се  запишува:

 

Назив на примачот                               Економски факултет-Скопје

Банка на примачот                               НБРМ

Сметка                                                    100000000063095

Сметка на буџетски корисник           1600103697 788 10

Приходна шифра  и програма            723019               41

 

Во Повикување на број-задолжување од левата страна на уплатата се потполнува

723019 / 1 за  Сметководство и ревизија

723019 / 2 за  Европски студии

723019 / 4 за   Маркетинг

723019 / 6 за  Монетарна економија,финансии и банкарство

723019 / 8 за  МБА-Менаџмент

723019 / 9 за  Економски развој и меѓународни финансии

723019 / 10 за  Менаџмент во осигурувањето

723019 / 11 за  Управување во јавен сектор

723019 / 12 за  СМЕБЕ

723019 / 13 за   Е-бизнис менаџмент

723019/ 14 за Стратегиски менаџмент на човечки ресурси

Во цел на дознака

Името на студиумот и целта на уплатата

 


23.01.2018 прочитано: 1459