Втор циклус: Конкурс за упис на нови студенти, 2018/2019


КОНКУРСОТ за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Економски факултет при Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2018/2019 е објавен на официјалната веб страна на Универзитетот.

                        НАСТАН

        Прв рок

     Втор рок

Пријавување на кандидатите

 

10 септември – 10 октомври 2018 год

 08-22 јануари 2019 год

Запишување на кандидатите

 

15 и 16 октомври 2018 год

25 и 26 јануари 2019 год

 

ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ: - од 10.09.2018 до 10.10.2018 год. од 11,00 до 14,00 часот во Службата за втор циклус на студии.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со конкурсот , секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk  и да ја пополни електонската пријава во iKnow системот. Бројот кој што автоматски го добил од системот за електонско пријавување (iKnow) треба да се внесе во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

 

При поднесување за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  1. Пријава за запишување на УКИМ (образец А1) и уплата од 50 ден. Административна такса
  2. Електонска пријава (од Iknow)
  3. Кратка биографија
  4. Оригинал  уверение за завршени четиригодишни или тригодишни студии на прв циклус студии
  5. Потврда за активно познавање на странски јазик (оригинал)
  6. Извод од матична книга на родени (оригинал, без разлика на датумот на издавање)
  7. Уверение за државјанство на Р.М (уверение или решение оригинал, без разлика на датумот на издавање)
  8. Препораки од наставници или научни работници (доколку има такви)
  9. Список на стручни или научни трудови и примерок од нив(доколку кандидатите имаат)
  10. Документи за евентуални награди, признанија и други документи

06.09.2018 прочитано: 1998