Втор циклус на студии: пријавување за Јануарско-февруарска сесија, 2019


Јануарско-февруарска испитна сесија, 2019

On-line од 28.12.2018-07.01.2019

ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО

1. Студентите запишани во и после учебната 2013/2014 година во iKnow апликацијата,задолжително треба да го/ги пријават испитите на адреса www.iknow.ukim.edu.mk  (Јануарска - прва  испитна сесија ).Студентите кои ги немаат презапишано предметите од соодветниот семестар, прво треба да ги презапишат предметите, па да пријават испит.

2. Студентите запишани пред и во учебната 2012/2013, задолжително треба да го/ги пријават испитите во Службата за втор циклус на студииод 28.12.2018-07.01.2019 од 12,00-14,00 часот.

Напомена:Ова се однесува само за студентите  кои уредно со Молба и соодветна уплата го пролонгирале рокот за полагање на испити .Оние студенти кои не го пролонгирале рокот треба да достават Молба и соодветна уплата за пролонгирање на рокот за полагање на испити со индексот во Архива.

                 ПРИЈАВИТЕ  за  испит за студентите од     точка и 2 задолжително се носат на денот на испитотзаедно со уредно захевтана/залепена уплатница за испитот и уплатница за административна такса.

Студентите кои не можат и/или не знаат да се пријават  on-line истото можат да го направат во Службата за Втор циклус на студии  од 12,00-14,00 часот, најдоцна до  07.01.2019  година.

После овие датуми пријавувањето е со надомест за задоцнето пријавување.

Професорот нема обврска да го прими на испит оној студент кој на денот на испитот не донел пријава за испит со уредно прикачена уплатница за испитот и уплатница за административна такса.

За евентуални прашања/проблеми при on-line пријавувањето може да се обратите на меил: divna@eccf.ukim.edu.mk.

Датумите за испитите се објавени на веб страната на огласната табла од втор циклус на студии.

НА ДЕНОТ НА ИСПИТ СТУДЕНТИТЕ ПОДНЕСУВААТ :

- пријава за испит

- уплатница за таксена марка од 50,00 денари

- уплатница за испит од 25 евра (за студенти запишани до 2018 година)

- индекс


28.12.2018 прочитано: 958