Втор циклус: Втор уписен рок, 2018/2019


КОНКУРСОТ за запишување студенти на втор циклус студии ВТОР УПИСЕН РОК на студиските програми на Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2018/2019 е објавен на официјалната веб страна на Универзитетот.

                        НАСТАН

        Прв рок

     Втор рок

Пријавување на кандидатите

 

 8 јануари -22 февруари 2019 год

Запишување на кандидатите

 

27 и 28 февруари 2019 год

 

ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ: - од 08.01.2019 до 22.02.2019 год.од 12,00 до 14,00 часот во Службата за втор циклус на студии.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со конкурсот , секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk  и да ја пополни електонската пријава во iKnow системот. Бројот кој што автоматски го добил од системот за електонско пријавување (iKnow) треба да се внесе во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

При пријавување за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  1. Пријава за запишување на УКИМ (образец А1) и уплата од 50 ден. административна такса.
  2. Електонска пријава (од Iknow).
  3. Кратка биографија.
  4. Уверение за завршени четиригодишни или тригодишни додипломски студии.
  5. Потврда за активно познавање на странски јазик.
  6. Извод од матична книга на родени (оригинал, без разлика на датумот на издавање).
  7. Уверение за државјанство на Р.М (уверение или решение оригинал, без разлика на датумот на издавање).
  8. Препораки од наставни или научни работници (доколку има такви).
  9. Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат).
  10. Документи за евентуални награди, признанија и други документи.

04.01.2019 прочитано: 2116