ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ:ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ И УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2018/2019


Од 07.02.2019 - 15.02.2019, од 1200-1400 часот во Службата за втор циклус на студии

Заверката и уписот се однесуваат за генерација запишани студенти на втор циклус на студии во учебната 2013/14, 2014/15, 2015/2016,2016/2017, 2017/2018 и 2018/2019 година.

Студентите што ги запишале предметите во зимскиот(прв) и летниот (втор) семестар имаат право да ги положат испитите во три испитни сесии.

1.Студентите запишани на едногодишни студии –генерација 2013 /2014, 2014/2015, 2015/2016, 2016/2017 и 2017/2018 година,  кои не ги положиле предметите од  летен (втор) семестар треба да ги презапишат тие предмети.

2.Студентите запишани на двегодишни студии генерација 2013/2014, 2014/2015, 2015/2016, 2016/2017 и 2017/2018 година, кои не ги положиле предметите од летен (втор) семестар ги презапишуваат предметите од летен-втор семестар.

 Задолжителна on-line заверка на зимскиот семестар упис на предмети од летен семестар од 07.02.2019-15.02.2019 (до 24:00ч)

Најавување: www.iknow.ukim.mk

  • со e-mail адресата со која Ве препознава iKnow системот и
  • лозинка со која се пријавувавте и до сега во iKnow системот.

Заверката на зимскиот семестар и уписот на летниот семестар ВО ИНДЕКС ќе се одвива од 07.02.2019 – 15.02.2019, од 1200-1400 часот.

Потребни документи за упис

- ЗА ЗАПИШАНИТЕ СТУДЕНТИ НА ЕДНОГОДИШНИ СТУДИИ:

1. Образец за упис на семестар и уплата од 50,00 ден за административна такса

2. Уплата од 500 евра за упис на летен семестар според средниот курс на Народната банка на Р.М на денот на уплатата за генерација 2018/2019 година

3. Потврда за уплата од соодветен износ на евра согласно бројот на презапишани предмети

- ЗА ЗАПИШАНИТЕ СТУДЕНТИ НА ДВЕГОДИШНИ СТУДИИ:

1. Образец за упис на семестар и уплата од 50,00 ден за административна такса

2.а. Потврда за уплата на(за генерација 2013/2014, 2014/2015, 2015/2016, 2016/2017 и 2017/2018 година)  уплата од соодветен износ (евра) согласно бројот на презапишани предмети  во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето

2.б.Потврда за уплата на(за генерација 2017/2018 и 2018/2019 година) 500 евра партиципацијa за летен-втор семестар или летен четврти семестар и  уплата од соодветеn износ на евра  согласно бројот презапишани предмети  во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето 

Надоместокот кој е потребен за презапишување на предмет,а кој треба да се уплати е еднаков на вредноста на ЕКТС кредитот помножен со бројот на ЕКТС кредити кои ги носи соодветниот предмет кој се презапишува.
Вредноста на еден ЕКТС кредит за едногодишни студии изнесува 22,72 евра, а за двегодишни студии 19,23 евра во денарска противвредност според курс на НБРМ на денот на уплатата.

Непочитување на процедурите и непридржување кон дадениот распоред повлекува надомест за не навремен упис на семестар

Уписот е не комплетен без поднесување на потребните документи во Службата за втор циклус на студии.

Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

Уплатата се врши на Образец ПП  50

Во делот за ПРИМАЧ се  запишува:

 Назив на примачот                               Економски факултет-Скопје

 Банка на примачот                               НБРМ

 Сметка                                                    100000000063095

 Сметка на буџетски корисник            1600103697 788 10

Приходна шифра  и програма             723019               41

 

Во Повикување на број-задолжување од левата страна на уплатата се потполнува

723019 / 1 за  Сметководство и ревизија

723019 / 2 за  Европски студии

723019 / 4 за   Маркетинг

723019 / 6 за  Монетарна економија,финансии и банкарство

723019 / 8 за  МБА-Менаџмент

723019 / 9 за  Економски развој и меѓународни финансии

723019 / 10 за  Менаџмент во осигурувањето

723019 / 11 за  Управување во јавен сектор

723019 / 12 за  СМЕБЕ

723019 / 13 за   Е-бизнис менаџмент

723019/ 14 за Стратегиски менаџмент на човечки ресурси

 

Во цел на дознака

Името на студиумот и целта на уплатата

 

 


28.01.2019 прочитано: 1464