Повик за програмата „НАЈДОБРИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ“ 2015


 

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПРОГРАМАТА „НАЈДОБРОТО ОД ЈУГОИСТОКОТ“ за  АКАДЕМСКАТА 2015-2016 ГОДИНА

Поради успехот на оваа програма во текот на изминатите години Steiermärkische Sparkasse Bank и оваа година иницира соработка со Универзитетот во Грац во рамки на програмата „Најдоброто од Југоистокот“ – програма за унапредување и дообразување на талентирани и успешни студенти во и од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Република Македонија.

Оваа програма има за цел да им овозможи на целните групи на студенти да се стекнат со меѓународно работно искуство, а воедно и да им понуди обуки и можности за понатамошна наобразба. Програмата за обука (trainee program) и програмата за стажирање-пракса (internship program) воедно има за цел да им го олесни на студентите нивното вклучување во активната професионална средина.

 

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА (TRAINEE PROGRAM) И ПРОГРАМА ЗА СТАЖИРАЊЕ/ПРАКСA (INTERNSHIP PROGRAM)

На студентите кои дипломирале или сèуште студираат на факултети за економија и право кои се во рамки на универзитети од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србоја, Црна Гора и Република Македонија ќе им биде дадена можност да се пријават и доколку бидат избрани да бидат дел од програмата „Најдоброто од Југоистокот“ 2015 година. Програмата за обука и програмата за стажирање-пракса се во времетраење од 1 година.

 

Кандидати кои можат да аплицираат:

  • Студенти на додипломски студии (прв циклус) кои се во последна третина од студиите (3 или 4 година т.е минумум запишан и заверен V-ти семестар), можат да  аплицираат за програмата за стажирање-пракса во траење од една година на Универзитетот во Грац;
  • Дипломирани студенти или студенти кои се веќе запишани на втор циклус на студии можат да аплицираат за програмата за обука во траење од една година во Штаермеркише Шпаркасе Банката.  

 

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

  • Многу добро познавање на англискиот и добро познавање на германскиот јазик (Б1 или Б2 ниво зависно од програмата за која аплицираат);
  • Државјани на Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија;
  • Висок просек на завршени студии;
  • Посветеност, силни комуникациски способности, флексибилност, аналитичко и практично економско размислување.

 

На дипломираните студенти или последипломци кои ќе бидат избрани да учествуваат во програмата за обука (trainee program) ќе им биде овозможено да ги доусовршат своите јазични вештини за време на нивнaта едногодишна обука во Steiermärkische Sparkasse Bank, како и да посетуваат одредени курсеви по нивен избор. Последниот месец од обуката е предвидено да се одвива на една од локациите на банката во Југоисточна Европа. Дипломците кои ќе бидат избрани да ја посетуваат оваа програма за обука, задолжително мора да положат испити чиј збир на ЕКТС кредити изнесува минимум 16 ЕКТС (испитите ги слушаат и полагаат на Универзитетот во Грац).

 

На студентите кои ќе бидат избрани да учествуваат во програмата за стажирање – пракса (internship program), а се во завршните години од своите студии (3 или 4 година т.е минумум запишан и заверен V-ти семестар), за време на нивниот едногодишен престој во Грац, на Универзитетот во Грац, ќе им биде овозможено да слушаат и полагаат испити кои се компатибилни со испитите во рамки на нивните студии на матичниот факултет (регулирани со Договор за учење) и кои ќе им бидат признаени по завршување на нивниот престој во Грац. Овие студенти истотака имаат можност за двомесeчното стажирање во летниот период, по завршувањето на академската година, со што им се дава можност активно да се вклучат во секојдневното работење на Steiermärkische Sparkasse Bank.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

 

Чекор 1: НАЈПРВИН ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ТРЕБА ДА СТАПАТ ВО КОНТАКТ СО КОНТАКТ ЛИЦЕТО ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ГРАЦ (christa.grassauer@uni-graz.at) Од контакт лицето од Универзитетот во Грац ќе добијат шифра за да можат да пополнат онлајн апликација.

 

НАПОМЕНА: Во мејлот кој ќе го испратите до christa.grassauer@uni-graz.at за да добиете Code for Online application (шифра за да ја пополните онлајн апликацијата) задолжително наведете ги следните информации:

  • Цело име и презиме (онака како што стои во пасошот)
  • Име на универзитетот каде што студирате или сте завршиле (називот на Универзитетот и факултетот треба да се наведе на македонски и на англиски јазик)

За студентите од Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет-Скопје;

 Ss.Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of Economics-Skopje)

 

  • Департман и година на студии / или департман на кој сте дипломирале;
  • Доколку веќе сте студирале на некој од универзитетите во Австрија, наведете кога и на кој универзитет сте биле и наведете го Matrikelnummer (student ID number кој сте го имале)

 

Чекор 2: Откако успешно ќе ја завршат процедурата опишана во Чекор 1, студентите-апликанти ќе треба да ги подготват следните документи (на германски или англиски јазик, види детали во Упатството за онлајн аплицирање):

  1. Пополнет и потпишан формулар-пријава како и потврда за редовен студент  заверена од страна на Универзитетот (се симнуваат од онлајн апликацијата)
  2. Потврда за академски успех (диплома или уверение за положени испити и уверение за редовен студент)
  3. Кратка биографија (CV на англиски или германски јазик)
  4. Лична изјава во форма на есеј (максимум 2 страни) во кои апликантот ќе ја опише својата мотивираност и интересите кои го поттикнале да се пријави за оваа програма
  5. 2 препораки (една од препораките мора да биде од академско лице кои било/е вклучено во завршените/тековните студии на апликантот, а другата препорака, доколку апликантот е вработено лице од неговиот раководител-секако доколку апликантот е во можност да ја обезбеди);
  6. Потврда за познавање на германски јазик (Студенти на економија, познавање на германски јазик – минимум Б1 ниво (стажирање) и Б2 ниво (обука); и Дипломирани економисти, познавање на германски јазик – минимум Б 1(стажирање) и Б2 (обука).

НАПОМЕНА: За валидни се сметаат само официјални сертификати од ÖSD, Goetheinstitut или Treffpunkt Sprachen од Универзитетот во Грац. Сертификатите за познавање на јазик не треба да бидат постари од една година.

      7. Копија од страницата со лични податоци од пасошот.

 

Вкупниот износ на финансиската поддршка за една година по учесник изнесува максимум 10.000 евра и го покрива следново:

  • Сместување во еден од студентските домови во Грац (во едокреветна соба);
  • 420 евра месечен надомест за други трошоци;
  • Интензивен курс по германски јазик во јазичниот центар “Treffpunkt Sprachen” кој е при Универзитетот во Грац
  • Регистрирање и школарина на Универзитетот во Грац;

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

  • Лична изјава;
  • Академски успех;
  • Општествен ангажман;
  • Комуникациски вештини;
  • Активно познавање на англиски и германски јазик;
  • Препораки.

 

Кандидатите – апликанти ќе бидат избирани врз основа на нивните лични изјави, нивниот академски успех и препораките. Во процесот на селекција ќе бидат вклучени претставници на Steiermärkische Sparkasse Bank и на Универзитетот во Грац.  Она што ќе се вреднува во личната изјава на апликантот е дали истиот успеал да стави фокус врз личната мотивација и интересите кои го поттикнале да аплицира за оваа програма. Steiermärkische Sparkasse Bank  и Универзитетот во Грац го задржуваат правото да ги исклучат кандидатите пред завршувањето на програмата доколку тие не се раководат согласно насоките во рамки на програмата.

 

 ПРОЦЕС НА ИЗБОР

  • Март 2015: Универзитетот во Грац врши првична селекција на кандидатите и ги испраќа резултатите до локалните банки каде се врши селекција на најдобрите 3-ца кандидати;
  • Април 2015: Избор на 3-ца најдобри кандидати од страна на комисија во Шпаркасе Банка Македонија;

 

*Постапката за избор од страна на Шпаркасе Банка Македонија опфаќа селекција на 10 најдобри кандидати од веќе селектираните апликации од Грац, кои ќе бидат повикани да се претстават на англиски и германски јазик преку презентација на одредена тема и со кои ќе биде одржано кратко интервју;

 

  • Мај 2015: Најдобрите 3-ца кандидати од секоја земја заминуваат во Грац (на 2 дена) каде што ќе се претстават преку презентација на одредена тема и со кои ќе се одржи кратко интервју;
  • Мај/ јуни 2015: Објава на избраните 10 победници на конкурсот.  

 

 

КОНТАКТ ЛИЦЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ГРАЦ

 

University of Graz

Mag. Christa Grassauer

christa.grassauer@uni-graz.at

Tel.:+43 (0)316 380-1254

Fax:+43 (0)316 380-9156

 

Линк до веб страна на програмата Best of South East 2015

Промотивно видео за програмата Best of South East

Директен линк до делот Најчесто поставувани прашања (FAQs)

 

Линк до објавата на Шпаркасе банка АД Скопје

Презентација на програмата подготвена од Шпаркасе банка АД Скопје (тука)

Информативна брошура подготвена од Шпаркасе банка АД Скопје (тука)

 

ДОСТАВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ

Комплетната документација за пријавување мора да пристигне во Грац (по пошта) најдоцна до 6 март 2015 година на следната адреса:

 

Karl-Franzens-Universität Graz

Büro für Internationale Beziehungen

c/o Christa Grassauer

“Best of South-East”

Universitätsplatz 3

A – 8010 Graz


ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ, УКИМ, за сите заинтересирани студенти за програмата „Најдобрите од Југоистокот“ 2015, во соработка со Шпаркасе банка АД Скопје, во Аулата на Факултетот ќе постави и информативен штанд на кој ќе може да се добијат подетални информации.

 

ПОЧИТУВАНИ СТУДЕНТИ НА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ПОЧИТУВАНИ ДИПЛОМЦИ, СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАЈДОБРИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ!

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА „НАЈДОБРИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ“ !

 

 


04.02.2015 прочитано: 2006