Конкурс за ЕРАЗМУС+ стипендии за мобилност на студенти и наставен кадар (2017/2018)


УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

објавува

 

КОНКУРС

ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР

за летниот семестар во академската 2017/2018 година

 

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

За размена на додипломско ниво, право на пријавување имаат само студенти со завршена прва година  на студии.

Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр.

Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела ( до 5 работни денови).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори )

Потребни документи за мобилност на студенти:

Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+ или интернет-страната на факултетот:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање , потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус координаторот и согласно  компатибилноста на студиската програма, со факултетот во странство;
  • уверение за положени испити на англиски јазик (го издава Факултетот, на барање - со молба од студентот доставена до архивата на Факултетот);
  • најмалку една препорака( на англиски јазик);
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот; (валидна диплома за познавање странски  јазик од страна на признаена школа за странски јазици или уверение за познавање на англиски јазик или странскиот јазик на кој се изведува наставата).
  • уверение за редовен студент-  запишан семестар (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model).

Висината на стипендијата за студентите изнесува 450-500 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот ).

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

Потребни документи за мобилност на наставен кадар:

мобилност за наставeн ангажман (teaching):

мобилност за обука (training) :

СИТЕ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА БИДАТ ДОСТАВЕНИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА ВО 3 ПРИМЕРОЦИ. *(Еден примерок за Еразмус+ координаторот т.е во досието на апликанотот во Центарот за кариера, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)

 

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија. Кандидатите имаат право на грант за секој циклус на студии во дадениот лимит од 12 месеци (прв, втор или трет циклус).  

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус координаторот на факултетот каде студираат (ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА на ФАКУЛТЕТОТ), најдоцна до 5 октомври 2017. (Види листа на Еразмус координатори по факултети).

Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 10 октомври 2017.

                                                                               УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

 

ВАЖНО: 1. Целокупната процедура за подготовка и пријавување во рамки на овој конкурс, Економскиот факултет-Скопје ја води преку Центарот за кариера согласно усвоени интерни процедури за реализација на мобилност на студенти и наставен кадар (Види ИНТЕРНИ ПРОЦЕДУРИ ЗА МОБИЛНОСТ)

2. Приемно време за консултации по однос на овој повик за мобилност е секој работен ден, од понеделник до петок, од 12.00-14.00 часот во Центарот за кариера.

3. Во врска со овој конкурс, Факултетот преку Центарот за кариера ќе организира информативна трибина веднаш по почетокот на академската година (после 15 септември 2017).

Почитувани колеги,

ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО ЌЕ ГИ ПОЧИТУВАТЕ ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ НАСОКИ.

Со почит,

Економски факултет-Скопје,

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје

 

 


22.08.2017 прочитано: 2369