КОНЕЧНИ РАНГ ЛИСТИ за прв уписен рок 2017/18


КОНЕЧНИТЕ РАНГ ЛИСТИ со кандидатите за студенти на прв циклус на студии, пријавени на првиот уписен рок за учебната 2017/2018 година, може да ги преземете на следниов линк.

 

ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ ПРИМЕНИ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК

29 и 30.08.2017

 

Запишувањето ке се врши по департмани, како што следува:

 

На 29.08.2017 – од 8,30 до 15,30 – запишување на студентите од департман:

Предавална 3: Департман Менаџмент и департман Е-бизнис (сите квоти)

Предавална 5: Департман Сметководство и ревизија и департман Економија (сите квоти)

 

На 30.08.2017 – од 8,30 до 15,30 – запишување на студентите од департман:

Предавална 3: Департман Финансиски менаџмент (сите квоти)

Предавална 5: Департман Надворешна трговија и департман Маркетинг (сите квоти)

 

На 29 и 30.08.2017

08,15 – 15,00 – подигање на индекси, Водичи низ студиите, Наставни програми и договори за студирање – пред секоја просторија за запишување

 

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2017/2018

 

1. Индекс и студентска легитимација (бесплатно, се подига на Економски факултет)

2. Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см  и една 2х3 см )

3. Пријавни листови (за упис на семестар и статистички лист – во книжарата на факултетот) со 50,00 ден. админ. такса

4. Потврда за уплата на 100 евра (државна квота); 200 евра (кофинансирање, вонредни) зависно од квотата во која студентот припаѓа (прва рата од партиципација); 50 евра (за студенти чие родителско право го врши само еден родител) ; во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

- Назив на примачот: Буџет на РМ - ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

- Банка на примачот: НБРМ

- Сметка: 100000000063095

- Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

- Приходна шифра: 723012

- Програма 41

 

5. Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, Економски факултет, на

- жиро сметка 160010368978818,

- депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095,

- повикување на број 723012,

- програма 41

- цел на дознака:  ИКСА за Економски факултет

 

6. Договор за студирање на Економски факултет (се подига на факултет на денот на уписот)

 

НЕЗАПИШАНИТЕ КАНДИДАТИ МОЖАТ ДА СИ ГИ ПОДИГНАТ ДОКУМЕНТИТЕ НА 31.8.2017год. во Архива, од 9,00-14,00ч

 

 

ИСТОВРЕМЕНО за упис на зимскиот семестар се поднесува

 

7. Потврда за уплата на 3300 денари (прва рата) за: Предметни програми, Водич низ студиите, книжен фонд, штети, тетратки за писмен испит, шифрарници и за студентски интернет центар. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

- Назив на примачот: Буџет на РМ - ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

- Банка на примачот: НБРМ

- Сметка: 100000000063095

- Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

- Приходна шифра: 723013

- Програма 41


25.08.2017 прочитано: 1398