ПРОДОЛЖЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ЦАРИНСКА УПРАВА НА Р.МАКЕДОНИЈА (до 22.02.2018)



Почитувани студенти,

Традиционално како секоја година Царинската управа на Р.Македонија објавува повик за пријавување на практиканти заинтересирани за посетување на практична настава.

Практичната настава ќе се одвива во периодот од месец март до месец ноември 2018 година, во времетраење од најмалку 5, а најмногу 30 дена, со не помалку од 2-3 часа дневно (со цел да може практикантите да одат во две смени), ни повеќе од 6 часа дневно.

Повикот важи само за студентите од 3-та и/или 4 година  на Департманот Надворешна трговија и за студенти од останатите департмани кои го избрале предметот Надворешна трговија.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните податоци:

Име и презиме:
Година на студии:
Kонтакт телефон:
Контакт e-mail:

Бараните податоци треба да се достават до Центарот за кариера на следната електронска адреса: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk со назнака ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ЦАРИНА 2018

Со оглед на фактот што бројот на практиканти е ограничен на најмногу 20 студенти, имајте предвид дека СПИСОКОТ ЌЕ СЕ ПОПОЛНУВА СОГЛАСНО РЕДОСЛЕДОТ НА ПРИЈАВУВАЊЕ.

ПОВИКОТ ТРАЕ ДО 22.02.2018  година (четврток), до 15.00 часот.

ПРЕДВИД ЌЕ БИДАТ ЗЕМЕНИ САМО ПРИЈАВЕНИТЕ КАНДИДАТИ КОИ СООДВЕТСТВУВААТ НА БАРАНИОТ ПРОФИЛ на ПРАКТИКАНТИ, и КОИ ГИ ИМААТ ДОСТАВЕНО СИТЕ ГОРЕНАВЕДЕНИ ПОДАТОЦИ.

Со почит,

Центар за кариера
Економски факултет-Скопје
УКИМ


12.02.2018 прочитано: 1330