Oглас за избор на двајца студенти кои ќе учестуваат на настанот Moscow International Model WCO


Почитувани студенти,

 

Ве покануваме да се пријавите за учество на настанот Moscow International Model WCO кој ќе се одржи на Руската академија за царина во периодот од 20-23.03.2018 година во Москва.

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми за пријавување:

  • да се студенти на четврта студиска година;
  • да имаат просечен остварен успех од најмалку 8,5.

 

По извршената селекција, избраните кандидати е потребно најдоцна до 15.03.2018 да напишат апстракт од најмногу 300 зборови. Повеќе информации за содржината на апстрактот може да се најдат ОВДЕ.

 

Трошоците за сместување и превоз на избраните кандидати се покриени од страна на Универзитетот.

 

Рокот за пријавување е до 23.02.2018 (петок) до 14 часот. Пријавите треба да се достават во архивата на Економски факултет.

 

Подетални информации за целиот настан може да се најдат ОВДЕ

 


13.02.2018 прочитано: 1232