Предавање на г-динот Мајкл Лукс: „Царината во глобализираниот свет“ (1.03.2018, амф.2, 14.00 часот)


Почитувани,

 

Економскиот факултет-Скопје , Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје преку Регионалниот тренинг центар – Светска царинска организација (РТЦ-СЦО) во соработка со Царинската управа на Република Македонија со огромно задоволство Ве поканува на предавањето на г-динот Мајкл Лукс, поранешен директор на единицата за царински постапки на Европската комисија  на тема  „Царината во глобализираниот свет”.

 

Предавањето ќе се одржи во четврток, 1.03.2018 година, во Амфитеатар 2 во просториите на Економскиот факултет-Скопје, УКИМ со почеток во 14 часот.

 

Во очекување на присуството на сите заинтересирани страни , академската и студентската заедница,


Со почит,

Економски факултет-Скопје, УКИМ

РТЦ-СЦО


27.02.2018 прочитано: 562