Покана-Информативна сесија „Можностите за истражување и финансирање на истражувачки проекти преку програмите и фондовите на Европската Унија за истражување и развој“


Почитувани,

Деканот на Економскиот факултет-Скопје, УКИМ проф. д-р Љубомир Дракулевски и Раководителот на ЕУи при ЕФ, УКИМ вонр. проф. д-р Даниела Мамучевска Ве покануваат на ден 18.12.2018 година, вторник, во Амфитеатар 2 на Економскиот факултет-Скопје, УКИМ со почеток во 10.00 часот да бидете дел од инфо-сесија на тема „Можностите за истражување и финансирање на истражувачки проекти преку програмите и фондовите на Европската Унија за  истражување и развој“ организиран од EEN ( Enterprise European Network) во Македонија и ЕУи (Центарот за податоци и информации за ЕУ) при Економскиот факултет-Скопје, УКИМ.

Агендата на овој настан следи ОВДЕ.

Во очекување на Вашето ценето присуство.

Со почит,

Економски факултет-Скопје,УКИМ

 


13.12.2018 прочитано: 425