Покана за настан-Промоција на конкурсот за избор на есеи „Со европско знаење до европската престолнина“ (15.05.2019, 11.00 часот, Амф.2)


Почитувани студенти,

 

Во име на в.д. Деканот проф.д-р Сашо Јосимовски и во име на в.д.Раководителот на ЕУи - Центарот за податоци и информации на Европска унија вонр.проф. д-р Даниела Мамучевска Ве покануваме на настанот кој СЕП (Секретаријатот за европски прашања) го организира на 15.05.2019 година (среда) во Амф. 2, во просториите на Економскиот факултет-Скопје со почеток во 11.00 часот.

 

На настанот, Секретаријатот за европски прашања ќе го промовира конкурсот за избор на есеи „Со европско знаење до европската престолнина“-една од активностите организирана по повод одбележувањето на 9 мај- Денот на Европа. Свое обраќање е предвидено да има Вицеперемиерот за европски прашања г-динот Бујар Османи.

 

Во очекување со своето ценето присуствo да го збогатите овој настан.

 

Во име на в.д.Деканот проф. д-р Јосимовски и в.д.Раководителот на ЕУи вонр.проф.д-р Мамучевска,

 

Однапред благодарни.

Економски факултет-Скопје,

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје


14.05.2019 прочитано: 260