Отворен ден за запознавање со програмите за магистерски студии


 

Нашиот отворен ден претставува најдобра можност детално да се запознаете со програмите за магистерски студии кои ги нудиме, да ја почувствувате атмосферата на нашата високо-образовна институција и да разговарате со нашите раководители и секретари на програмите, со тековните студенти и со алумните.

Да се има диплома од завршени магистерски студии на високо - образовната институција која е лидер во високото образование во нашата држава – Економскиот факултет – Скопје при УКИМ значи можност да се зголеми сопствената нето-вредност, за вмрежување, за стекнување скапоцени искуства и извонредни можности за вашиот професионален развој и градање на успешна кариера.

Затоа што највредниот ресурс на новата економија е интелектуалниот капитал, ние константно се надоградуваме за да Ви пренесеме ново знаење и да Ви помогнеме да ги надоградите Вашите вештини кои Ви се неопходни на работните места.

Отворениот ден ќе Ви помогне да ја најдете програмата која најдобро се поврзува со Вашите амбиции!

 

Практични информации

За кого е наменет отворениот ден?

  • За идни студенти на магистерски студии.

Кога ќе се одржи?

  • 5 Февруари 2020 година.

Каде ќе се одржи?

  • Сала за состаноци на Економски факултет – Скопје, УКИМ (Бул Гоце Делчев 9В, 1000 Скопје) 

 


15.01.2020 прочитано: 327