Стратегиско сметководство на менаџмент


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ACC 512 Сметководство и ревизија 1 40 7,00
Предавачи
Марина Серафимоска Трпеска

Опис

Овој предмет е дизајниран да им помогне на студентите да го осознаат и вреднуваат придонесот на сметкводството на менаџментот во постигнувањето на стратешките цели на организацијата. Стратегиското сметководство на менаџментот го потпомага одлучувањето поврзано со деловните операции и воопшто одлуки поврзани со стратегијата на претпријатието. Студентите во овој предмет ќе се запознаат со долгорочното и краткорочното планирање и интерпретирање на интерните и екстерни извештаи за трошоци и добивка за контрола и мерење на резултатите. Исто така, овој предмет ќе им помогне на студентите да ги разберат пристапите за стратешко планирање, формулирање на трансферните ценим, како и да ја оцената улогата на трошоците во стратешкото позиционирање на претпријатијата.


Содржина

1.      Стратегиското сметководство во функција на деловното одлучување

2.      Верижна анализа на вредноста за оценка на конкурентската предност

3.      Концепт на сметководство на животниот циклус на производот

4.      Трошочни системи за известување на добивката и вреднувањето на залихите

5.      Концепт на целната цена како стратешка определба

6.      Сметководството на активности во функција на определување на цена на чинење

7.      Теорија на ограничувања

8.      Стратегиско сметководство на менаџментот во функција на определување на трансферна цена (интерни цени)

9.      Сметководство на менаџментот за стратегиско планирање

10.  Концептот на бенџмаркингот како најдобри практики

11.  Управување со целосен квалитет и реинжинеринг на деловни процеси

12.  Стратегија и рамка на урамнотежени перспективи, вклучувајќи финансиски и нефинансиски мерила (Balanced Scorecard)


Литература

1.      Марковски Слободан и Блажо Недев: Управувачко сметководство, Економски факултет, Скопје, 2003 

2.      Scarlett, B.: Management Accounting Performance Evaluation CIMA Learning System, CIMA Publishing, 2007 edition

3.      Performance Management, ACCA, BPP Publishing, 2008

4.      Advanced Performance Management, ACCA, BPP Publishing, 2008

5.      Horngren, CH., Foster, G. and S. Datar: Cost Accounting, 12th edition, Prentice Hall, New York, 2006

6.      Garison: Management Accounting,


Цели

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни:

1.      Да ја разберат стратегијата на компанијата и нејзината важност за исполнување на целите и носење деловни одлуки

2.      Да ја применуваат верижната анализа при определувањето на цените

3.      Да ги споредат варијабилниот и апсорпциониот метод за определување на трошоци како систем за известување за добивката и вреднување на залихите

4.      Да ги објаснат потешкотиите и импликациите од примената на целна цена во производствените и услужните дејности

5.      Да го имлементираат и интерпретираат методот за утврдување на цена на чинење врз основа на активности

6.      Да го објаснат значењето на теоријата на ограничување

7.      Да можат да ја разберат потребата од утврдување трансферни цени

8.      Да ги разберат и имплементираат системите на сметководството на менаџментот за стратегиско планирање

9.      Да го применуваат концептот на бенџмаркинг

10.  Да ги осознаат и применуваат техниките на управување со целосен квалитет и реинжинеринг на деловните процеси

11.  Да ги разберат и применат системите на сметководството на менаџментот за мерење на резултатите и контрола