Втор циклус на студии


  Водич за втор циклус студии во учебната 2013/2014 година (pdf, 12.5MB)                                резултати втор циклус 2017/18

На Економскиот факултет – Скопје се организираат:

  Едногодишни последипломски студии (втор циклус студии) во траење од два семестра со предвидени 7 испити и изработка на магистерски труд. Студиите на вториот циклус носат 60 кредити според ЕКТС.

  Двeгодишни последипломски студии (втор циклус студии) во траење од четири семестри со предвидени 14 испити и изработка на магистерски труд. Студиите на вториот циклус носат 120 кредити според ЕКТС.

Студентите од втор циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале, најдолго во времето што е двапати подолго од пропишаното траење на студиите. Доколку по истекот на рокот од претходниот став студентот не ги заврши студиите, со одлика на единицата на Универзитетот се утврдуваат дополнителните услови и рокот за кој студентот може да ги заврши студиите. (види Статут на УКИМ)

 

Цена на чинење на еден семестар е 500 евра (за едногодишни студии 2 х 500 евра, a за двегодишни студии 4 х 500 евра).
Вредноста на пријавата за испит е 25 евра (кај едногодишните студии за 7 предмети, кај двeгодишните студии за 14 предмети).
Одбраната на магистерскиот труд е 1000 евра.

По завршувањето на студиите, студентите се стекнуваат со звањето         

          „Магистер на економски науки“ од соодветната област.



Втор циклус студии


Насока Назив на диплома
Сметководство и ревизија Магистер на економски науки од областа на сметководството и ревизијата
МБА - Менаџмент Магистер на економски науки од областа на МБА менаџмент
Монетарна економија, финансии и банкарство Mагистер на економски науки од областа на монетарната економија
Економски развој и меѓународни финансии Mагистер на економски науки од областа на економски развој и меѓународни финансии
Маркетинг Mагистер на економски науки од областа на маркетингот
Европски студии Магистер на економски науки од областа на европските студии
Управување во јавниот сектор Магистер на економски науки од областа на управување во јавниот сектор.
Статистички методи за бизнис и економија Магистер на економски науки од областа на статистички методи за бизнис и економија
Е-бизнис менаџмент Магистер на економски науки од областа на е-бизнис менаџмент
Менаџмент во осигурувањето Магистер по економија од областа на менаџмент во осигурувањето
Маркетинг (двегодишни студии) Mагистер на економски науки од областа на маркетингот
Монетарна економија,финансии и банкарство (двегодишни студии) Mагистер на економски науки од областа на монетарната економија
Сметководство и ревизија (двегодишни студии) Магистер на економски науки од областа на сметководството и ревизијата
Е-бизнис менаџмент (двегодишни студии) Магистер на економски науки од областа на е-бизнис менаџмент
Статистички методи за бизнис и економија (двегодишни студии) Магистер на економски науки од областа на статистички методи за бизнис и економија
Стратегиски менаџмент на човечки ресурси Магистер на организациски науки и управување (менаџмент) од областа на Стратегиски менаџмент на човечки ресурси
Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии) Магистер на организациски науки и управување (менаџмент) од областа на Стратегиски менаџмент на човечки ресурси