д-р Љубомир Дракулевски

Позиција Редовни професори
Катедра Менаџмент
Телефон 3286-844
Емаил drakul@eccf.ukim.edu.mk
Приемно време
Понеделник12:00:00 - 14:00:00
Вторник12:00:00 - 14:00:00
Четврток12:00:00 - 14:00:00

Роден е 1962 година во Скопје. Дипломира и магистрира на Економскиот факултет - Скопје. На факултетот работи од 1988 година. Во октомври 1998 година ја одбрани докторската дисертација на тема: "Лидерството - основа за ефективен стратегиски менаџмент". Избран е за редовен професор по Стратегиски менаџмент и Меѓународен менаџмент.
Сега е ангажиран во изведување на настава и испити по предметите: Стратегиски менаџмент, Меѓународен менаџмент и Организациско однесување на редовните студии и Стратегиски менаџмент, Меѓународен менаџмент, Меѓународен бизнис и Европско бизнис окружување на последипломските студии на Економскиот факултет во Скопје.
Тој е раководител на последипломскиот студиум по МБА Менаџмент.

За Декан на Економскиот факултет е избран на 14 февруари 2011 година.

Предмет Насоки Степен
Меѓународен менаџмент Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Стратегиски менаџмент Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Организациско однесување Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Стратегиски менаџмент МБА - Менаџмент Втор циклус студии
Организациско однесување МБА - Менаџмент, Сметководство и ревизија (двегодишни студии), Стратегиски менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии) Втор циклус студии
Корпоративно управување и теорија на игри Управување во јавниот сектор Втор циклус студии
Стратегиски менаџмент на е-бизнис Е-бизнис менаџмент, Е-бизнис менаџмент (двегодишни студии) Втор циклус студии
Корпоративно управување Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Корпоративно управување Сметководство и ревизија, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии) Втор циклус студии
Меѓународен менаџмент МБА - Менаџмент, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии) Втор циклус студии
Стратегиски менаџмент Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии) Втор циклус студии
Спојувања и аквизиции помеѓу компаниите КОРПОРАТИВЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ Втор циклус студии
СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ КОРПОРАТИВЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ Втор циклус студии

Објавил над 30 статии (самостојно или во коавторство) од кои позначајни се:

  • "Environmental Analysis - Determination of External Strategic Factors", Strategiski menadzment, Subotica, SRJugoslavija, 1998,
  • "Managerial Style in Transition Economies: The Example of the Republic of Macedonia", Eastern European Economics, New York, November - December 1999;
  • "Лидерство и TQM", Скопје, 1999, "Corporate Governence in The Republic of Macedonia", International Conference, Zagreb, 2002,
  • "Workers’ Participation: The Case of the Republic of Macedonia", 11th Conference of the International Association for the Economics of Participation (IAFEP), Catholic University of Brussels, Brussels, July 2002 и др.


Учествувал во 20 проекти на Економскиот факултет-Скопје и Македонската Академија на Науките и Уметностите.

Има објавено 5 книги:

  • Менаџмент лексикон (1993),
  • Стратегиски менаџмент (1996),
  • Менаџмент лексикон, второ издание (1996),
  • Лидерство - основа за ефективен стратегиски менаџмент (1999)
  • Стратегиски менаџмент, второ издание (2001).

Роден е 1962 година во Скопје. Дипломира и магистрира на Економскиот факултет - Скопје. На факултетот работи од 1988 година. Во октомври 1998 година ја одбрани докторската дисертација на тема: "Лидерството - основа за ефективен стратегиски менаџмент". Избран е за редовен професор по Стратегиски менаџмент и Меѓународен менаџмент.
Сега е ангажиран во изведување на настава и испити по предметите: Стратегиски менаџмент, Меѓународен менаџмент и Организациско однесување на редовните студии и Стратегиски менаџмент, Меѓународен менаџмент, Меѓународен бизнис и Европско бизнис окружување на последипломските студии на Економскиот факултет во Скопје.
Тој е раководител на последипломскиот студиум по МБА Менаџмент.

За Декан на Економскиот факултет е избран на 14 февруари 2011 година.

Престојувал еден семестар на Arizona State University, Tempe, САД (1995) во рамки на Програмата за унапредување на бизнис - менаџментот во Македонија.
Исто така, остварил студиски престои на:

  • Wolverhampton Business School, Wolverhampton, Велика Британија (1998),
  • Пантеон Универзитетот во Атина, Грција (2000) во рамки на ТЕМПУС проектот "Заеднички европски институции и економијата: осовременување на заедничките европски студии",
  • Business School, Staffordshire University, Stoke - on - Trent, Great Britain (2001) во рамки на ТЕМПУС проектот "Training Courses for Civil Servants on European Integration",
  • Institute of Business Administration, LIUC, Universita Cattaneo Castellanza од Милано, Италија, во рамки на Програмата “Improving the Business Climate: Vision, Competitiveness and Clusters” во организација на Институтот на светска банка, Вашингтон, САД (ноември 2001),
  • Universite Rennes 2, Rennes, France (2003),
  • College of Business, Athens, Ohio, USA - во рамки на програмата Joint Competitiveness Program (мај 2003),
  • Универзитетот на Исланд, Исланд (јуни 2005) - EFTA Course - Risk Management of the Firm in the Turbulent World Economy и Arizona State University, Tempe, САД (август 2005).