Економски факултет - Скопје, Универзитет „св. Кирил и Методиј“

Издавачка дејност

Резултатите на наставно-образовната и научноистражувачката работа се објавуваат во разни публикации на Факултетот: Со најдолга традиција е Годишникот на Факултетот во кој се објавуваат статии за различни економски прашања и кој постои од основањето на Факултетот (1950 година).

Резултатите од научноистражувачката работа се објавуваат во посебни публикации: книги, монографии, статии и сл. Поголемиот број од публикациите се објавуваат во издание на Факултетот, а некои и во копродукција со други институции. Наставниците и асистентите објауваат свои трудови и надвор од Факултетот (во земјата и во странство).

Економскиот факултет го објави и третото издание на Библиографија на трудовите на сите наставници, соработници и пензионирани наставници на факултетот.

Во рамките на издавачката дејност значајно место зазема и објавувањето учебници и учебни помагала за студентите на четиригодишните и последипломските студии, како и објавувањето на одбранети магистерски трудови и докторски дисертации.

Издавачката дејност претставува посебна карактеристика на Економскиот факултат. Тој е прв издавач во Македонија по бројот на објавени книги од областа на економијата и бизнисот и втор издавач на ниво на Република Македонија со околу 20-25 публикувани книги во текот на една година.

горе