Економски факултет - Скопје, Универзитет „св. Кирил и Методиј“

Научно истражувачка дејност

Научно-истражувачката и апликативната дејност се извршува првенствено преку Центарот на Економскиот факултет за усовршувасње на кадри и истражувачка дејност (ЦЕФ). Самостојно или во соработка со други институции од земјата и од странство изготвени се над 130 домашни и меѓународни проекти.

Научно-истражувачката работа се остварува најчесто со подготовка на проекти од фундаментален, развоен и применувачки карактер. Предмет на истражување се прашања и проблеми од областа на макроекономската политика, стратегијата на општествено-економскиот развој, економските односи на земјата со странство, менаџментот, маркетингот, економиката на претпријатијата, сметководството и деловните финансии, трансформацијата на претпријатијата со општествен капитал, пазарот и цените, финансиите и банкарството и сл.

Консултантската дејност се состои од советодавни активности за потребите на претпријатијата и нивниот менаџмент. Факултетот организира посебни курсеви за стекнување на специфичен фонд на знаења на менаџерскиот кадар во Републиката од разни области, како што се: финансирање на претпријатијата (видови хартии од вредност, оптимизација на изворите на финансирање на претпријатијата, изработка на проспекти, политика на дивиденди ; инвестиции и инвестиционен менаџмент; маркетинг; надворешно-трговско работење и интернационализација на претпријатијата; организација на претпријатијата; мал бизнис и претприемништво; финансиски менаџмент за неекономисти ; макроекономски теми за потребите на Владата и нејзините институции и сл.).

Публикации

Резултатите од наставно-образовната  и научно-истражувачката  работа се објавуваат во разни публикации: книги, статии, учебници, зборници, монографии и др. Со најдолга трдиција е Годишникот на Факултетот кој постои од основањето на Факултетот (1950). Поголемиот дел од издавачката дејност Факултетот ја остварува самостојно, а еден дел заедно со други издавачи во земјата.

Објавени се завиден број на учебници, учебни помагала, самостојни научни трудови, трудови од истражувачки проекти, материјали од научни собири и советувања и други прилози.

горе