Економски факултет - Скопје, Универзитет „св. Кирил и Методиј“
Економскиот факултет во Скопје, како дел од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, претставува највреден и најзначаен извор за образување на високо стручен кадар од областа на економијата и бизнисот во Република Македонија. Факултетот и неговите вработени се посветени на создавање, акумулирање, пренесување и примена на знаење од спомнатата област. На тој начин Факултетот ги подготвува студентите за креирање на вредности од важност како за претпријатијата во кои ќе работат, така и за националната економија и заедницата во целост.
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”
Економски факултет
бул. Крсте Мисирков бб
1000 Скопје
Република Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
П. Фах: 550
Е-пошта: bobek@eccf.ukim.edu.mk