Kniga - Statistika za biznis i ekonomija

Најголемиот дел од луѓето статистиката ја разбираат како нумерички дескрипции (описи со помош на броеви) на појавите од реалноста. Месечните податоци за невработеноста, стапката на успех на новите бизниси, учеството на жените менаџери во одреден сектор на економијата, рејтингот на одредена политичка партија се нумерички описи на појавите. Меѓутоа статистиката значи многу повеќе од опишување на реалноста со помош на броеви.

Статистичарот не е некој кој само пресметува просеци на одреден кошаркарски натпревар или ги составува табелите од истражувањето на јавното мислење. Статистичарите вршат прибирање на нумерички информации во форма на податоци, ги оценуваат и извлекуваат заклучоци од нив. Понатаму, статистичарите определуваат кои информации се релевантни за дадениот проблем и дали заклучоците кои се добиени со анализата се веродостојни или не.