Happy man

ROBERT F. ENGLE (1942 – )

Robert F. EngleНОБЕЛОВЕЦ - 2003

Robert F. Engle е роден во Сиракуза, Њујорк. Дипломирал физика во 1964 година на Williams College, а во 1966 година го одбранил магистерскиот труд од областа на физиката на Cornel University. На истиот универзитет ја одбранил докторската дисертација од областа на економијата. Од 1999 година работи на Stern School of Business при Универзитетот во Њујорк. Engle предава менаџмент на финансиски услуги. Негов научно-истражувачки интерес се следните области: финансиската економетрија, анализата на временските серии, менаџментот на променливоста и ризикот и микроструктурата на емпирискиот пазар. Во 2003 година тој ја доби наградата за економски науки на Банката на Шведска, заедно со Clive W. J. Granger. Професорот Engle работел на проблемите и прашањата поврзани со предвидувањата на непостојаноста на временските серии односно варијаблите, како што се каматните стапки и цените на акциите. За Енгле-овата работа, Банката на Шведска истакна: “Евалуацијата на ризикот е срцевината на активностите на финансиските пазари.”

[назад]