Happy man

WILLIAM S. GOSSET (1876 – 1937)

William S. GossetСТУДЕНТОВ t-РАСПОРЕД

Во својата 23 година се стекнал со диплома за хемија и математика при престижниот универзитет Oxford University. Веднаш бил вработен од страна на Guinness Brewing Company во Даблин, Ирска, поради неговото искуство со хемијата. Сепак, математичките способности на Gosset овозможиле да успее да реши голем број практични проблеми поврзани со производството на пиво. На пример, Gosset го применил Poisson-овиот распоред за да го моделира бројот на квасни клетки по единица волумен при процесот на ферментација. Неговото најголемо откритие бил секако t-распоредот во 1908 година. Бидејќи најголемиот дел од истражувачите работеле со мали примероци, Gosset бил заинтересиран во однесувањeто на средините во малите примероци. Тој земал множества составени од мал број на елементи, ја пресметувал нивната средина и стандардна девијација, ја пресметал нивната t-стапка и ги претставил графички резултатите. Формата на распоредот била секогаш иста, t-распоред. Бидејќи политиката на компанијата забранувала вработените да ги објавуваат резултатите од истражувањата, Gosset го искористил псеудономот Student за да го објави трудот. Од тука, овој распоред е наречен Студентов t-распоред.

[назад]