Економски факултет - Скопје, Универзитет „св. Кирил и Методиј“

Докторски студии

На Економскиот факултет во Скопје може да се стекне и докторат на економски науки, како највисок степен на образование. За докторска дисертација може да се обработи тема со изразито економски карактер.

Докторските студии на Економскиот факултет во Скопје се реализираат преку менторски систем на настава. На ова ниво на студии, главен предуслов за запишување, покрај објавувањето на 5 научни трудови, е и исполнувањето на еден од следните два услова:

  • Докторскиот труд да биде во согласност со студиите на кои студентот дипломирал и магистрирал;
  • Ако првиот услов не може да се оствари, тогаш пријавениот докторски труд треба да биде од областа во која се објавени научните трудови.

Условите и постапката за стекнување докторат на економски науки се регулираат со Статутот на Факултетот и со посебен правилник на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” - Скопје.

После подготовката и јавната одбрана на докторскиот труд, студентите се здобиваат со звањето ДОКТОР НА ЕКОНОМСКИ НАУКИ (Ph.D.).

Факултетот може да додели и титула за почесен доктор на економски науки.

горе