Економски факултет

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Пријавување
Пријава на магистерски труд

Откако студентот ќе ги положи сите испити предвидени со студиската програма, треба да пријави магистерски труд, кој треба да биде резултат на самостојна работа на студентот.

Пријавата за магистерскиот труд се доставува до Колегиумот за втор циклус студии и таа треба да содржи:

  • наслов на темата
  • образложение на научната оправданост на темата
  • план за работа
  • преглед на литературата

Насловот на темата го предлага студентот во договор со менторот. Доколку има оправдана причина, студентот може да побара промена на менторот.

Одбрана на магистерски труд

По завршувањето на магистерскиот труд, студентот доставува 6 (шест) примероци од трудот  и 3 (три) СД-а, со барање да му се формира Комисија за оценка и одбрана на магистерскиот труд. Комисијата го прегледува трудот и ако има забелешки, во писмена форма ги доставува до студентот во рок од 3 (три) месеци од предавањето на трудот. Комисијата има право најмногу два пати да му го врати трудот на студентот, а тој има 3 (три) месеци за да постапи по забелешките.

Ако Комисијата нема забелешки, таа составува извештај со оценка на трудот, кој се усвојува од страна на Наставно-научниот совет и потоа во рок од 15 дена се закажува денот на одбраната на трудот. Магистерскиот труд се брани јавно и можни се две оцени: го одбранил и не го одбранил магистерскиот труд.

Пријавата на магистерскиот труд и барањето за формирање Комисија за оценка и одбрана на трудот се доставуваат до Колегиумот за втор циклус студии (преку архивата на Факултетот).

Рокови за завршување на студиите

Кандидатот има обврска да ги положи испитите во рок од две години, сметано од денот на запишувањето на студиите. Понатаму, кандидатот има обврска го одбрани магистерскиот труд во рок од една година од денот на одобрувањето на темата од страна на Наставно-научниот совет.

Студентите запишани пред учебната 2008/2009 година имаат обврска да ги положат испитите во рок од две години, сметано од завршувањето на вториот семестар. Овие студенти имаат рок од три години за одбрана на магистерскиот труд, сметано од денот на одобрувањето на темата од страна на наставно-научниот совет.

Доколку се пробијат наведените рокови, студентот треба да поднесе молба до Колегиумот за втор циклус студии за продолжување на рокот на студирање. За продолжување на рокот за студирање, студентот треба да уплати одреден надомест, утврден со актите на факултетот. Колегиумот за втор циклус студии одржува седници еднаш месечно, така што барањата и молбите упатени до него треба да се поднесат најдоцна до средината на месецот (преку архивата на факултетот).

 

горе