Економски факултет - Скопје, Универзитет „св. Кирил и Методиј“

За факултетот

Економскиот факултет во Скопје е основан на 14.11.1950 година со Одлука на Владата на Македонија и "со цел теоретски да се изградуваат и практично да се подготвуваат висококвалификувани економски кадри". На Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје Економскиот факултет е основан како петти по ред меѓу тогаш основаните факултети во Република Македонија, додека во поранешна Југославија бил меѓу првите три економски факултети. На 3.11.1951 година Факултетот беше преименуван во Правно-економски факултет со два отсека - Правен и Економски. На 1.07.1956 година Правно-економскиот факултет бил разделен на два самостојни факултети - Правен и Економски. Оттогаш Економскиот факултет постои како највисока наставно-научна установа од областа на економските науки во Република Македонија.

 

Каде понатаму?